Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 февруари.

Денеска е Прво и второ наоѓање на главата на Св. Јован Крстител.

Од евангелската историја е познато дека Иродијада во една прилика ја побарала и ја добила отсечената глава на свети Јован Крстител.

Неговата глава таа ја фрлила на буниште во дворецот на Ирод. Некоја си Јована, жена на управникот на домот на Ирод, ја зела главата оттаму и ја закопала на Маслиновата Гора. Подоцна главата ја нашол некој Инокентиј, и тоа е првото наоѓање.

Нејзиното второ наоѓање е во петтиот век, кога веќе трагата и била загубена. Главата била пренесена во Халкидон, а подоцна во Цариград.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Франциска Римска.

Била родена во 1384 година во Рим. По барање на нејзиниот татко, таа се омажила за Лоренцо Позианиј. Родила шест деца. По смртта на нејзиниот маж и децата основала заедница која се грижела за сиромашните и болните. Го чувствувала присуството и заштитата на својот ангел – чувар.

Живеела покорен живот, се молела за грешниците. Умрела во 1444 година. Луѓето од градот Рим ја почитуваат како своја заштитничка.