Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 август.
Денеска е Св. апостол Матиј.
Во прво време Матиј беше цариник или митник во Палестина. Римската држава во тоа време веќе имаше обичај порезите во освоените области да ги дава под закуп без потоа да се грижи за начинот на кој се собира порезот, ниту за неговата висина. На тоа начин на собирачите на порезот од власта им беше оставена голема слобода во угнетувањето на народот.
Природно меѓу народот цариничката професија немаше голем углед. Но, иако припаѓаше на оваа група, длабоко во себе митникот Матиј имаше непоматена чистота. Таа чистота ја виде Христос зошто не ја гледаше надворешноста на човекот и го повика Матија да стане негов ученик. Чудно за земниот ум, овој презрен митник скокна од своето место и во еден миг заборави на секоја негова врска со земното.
После слегувањето на Светиот Дух над апостолите, тој беше избран за апостол наместо самоубиецот Јуда. Подоцна проповедаше во Јудеја, во Мала Азија и на Исток, а постада маченички во Ерусалим, убиен со камења.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Благословена Девица Марија.
Празникот се прославувал уште во времето на владеењето на папата Пио Дванаесетти, во 1954 година. Кралското достоинство произлегува од нејзиното богомајчинско достоинство. Марија станала кралица на небото и на земјата. Таа ни препорачува и ние да пристигнеме во небеското царство каде нема да има солзи и болка.