Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 април.

Денеска е Св. апостол Симеон, епископ Ерусалимски.

Свршеникот на Дева Марија, Јосиф, имаше брат по име Клеопа кој живееше во Ерусалим. Во неговото семејство се родија двајцата браќа Јаков и Симеон, кои подоцна еден по друг беа првите ерусалимски епископи. Свети Јаков го убија ерусалимците во 62 година, а по неговата смрт за црквата во градот се грижеше брат му Симеон. Во 70 година, кога Римјаните го нападнаа Ерусалим, епископот се повлече заедно со целата тамошна црква во градот Пела, од другата страна на Јордан. А кога Римјаните ја освоија цела Јудеја почнаа да ги гонат Давидовите потомци, за да спречат некој од нив да подигне бунт против освојувачите.

Така и овој престарен човек кој тогаш имаше 120 години го доведоа под стража во Ерусалим, барајќи од него да се откаже од Христос. Старецот ги презре сите закани, ветувања и мачења и најпосле беше распнат на крст во 107 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Блажениот Иван Мерц

Денеска, со голема радост во нашите срца, го славиме спомен-денот на хрватскиот блажен Иван Мерц, големиот лаички апостол на Црквата во Хрватска. Роден е на 16 декември 1896 година во Бања Лука како син на австриски офицер, управител на железничката станица во Бања Лука. Гимназијата ја завршил во родниот град, во 1914 година бил повикан во војска и на италијанскиот фронт останал до крајот на Првата светска војна. Престојот на бојното поле, каде што секој ден и гледаше на смртта во очи и беше изложен на страдање, ја разбуди неговата вера и го зацврсти неговиот христијански поглед на светот.

По завршувањето на војната, од 1919 година, студирал литература во Виена и Париз, а докторирал во 1923 година во Загреб. Тој е еден од иницијаторите и функционерите на Католичката акција, Хрватското здружение на орли и Хрватското католичко движење, промотор на општествените активности на католичките мирјани. Тој беше пример и симбол на модерната светост, љубовта кон ближниот, вистинската добрина и пожртвуваното дарување, еден од најголемите поддржувачи на литургиското обновување и евхаристискиот живот во хрватската нација.

Како духовен писател се занимавал со литературни и црковни теми во духот на обновата. По операцијата на синусите, тој се разболел од менингитис и умрел на денешен ден, 10 мај 1928 година, во Загреб, зајакнат од мистериите на верата, на 32-годишна возраст.