Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 април.
Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар.
Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле ги спомнува во Посланието до Римјаните. Јасон бил епископ во Тарс, а Сосипатар во Иконија, во малоазиската област Ликаонија. Заедничката судбина ги носи на островот Керкира (денес Крф), каде што го посеале семето на евангелската проповед.
Заради тоа два пати биле затворани, дури и мачени, но од затворот и двата пати излегуваат неповредени, а нивното лично сведочење станува столб од светлина на островот Керкира. Подоцна, тие се разделиле и се вратиле во местата каде биле поставени за епископи. Таму и го завршиле животот во длабока старост.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Свети Францис де Жеронимо
Денешниот покровител е Фрањо (Франческо) Де Жеронимо, језуит, мисионер и социјален реформатор. Роден е на 17 декември 1642 година во италијанскиот град Гротаље (провинција Таранто, Апулија), во буржоаско семејство, како прво од единаесетте деца. Тој израснал во семејство со длабока вера и христијанска побожност и веќе како момче решил да стане свештеник. Студирал филозофија на Језуитскиот колеџ во Таранто, а црковно право и теологија во Неапол. Ракоположен во 1666 година, тој се приклучил на Друштвото на Исус во 1670 година.
Работел како популарен мисионер во градовите и селата во јужна Италија. Големиот апостол и социјален реформатор, сакал да замине како мисионер на Далечниот Исток, но од 1676 година останал постојано во Неапол, каде што работел како народен апостол 40 години. Во тој град се вљубил во љубовта на својот учител Исус Христос, „пријател на даночниците, грешниците и блудниците“. Неговата духовна работа се одвиваше во тесни улички, сомнителни предградија, злогласните области и шарените неаполски плоштади.