Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари.

Денеска е Св. Лав Катански.

Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил Италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата.

Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци. Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори.
Содржината продолжува после огласот

Се упокоил во длабока старост и бил погребан во црквата на свети Лукија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Казимир.

Тој бил заштитник на Полска и Литванија. Се родил во 1458 година во кралскиот двор во Краков, како трето дете на полскиот крал и голем литвански кнез, Казимир Четврти. Додека неговиот татко престојувал во Литванија, тој бил во Полска.

Не се оженил со ќерката на царот Фредерик Трети. Се одликувал со побожност кон Богородица и qубов кон сиромашните. Умрел во 1484 година.