Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јуни.
Денеска е Св. маченичка Аквилина.
Света Аквилина се роди во градот Вивлос, Палестина, во христијанско семејство. Веќе на свои 10 години таа беше силно утврдена во христијанската вера. Во тоа време започна Диоклецијановиот прогон. Некој ја пријави Аквилина, која тогаш имаше 12 години, на царскиот намесник Волусијан.
Волусијан се трудеше да ја одврати Аквилина од Христос, а кога не успеа со зборови, ја стави на маки. После долги и повторувани измачувања св. Аквилина го предаде духот на Бога. Ова сведоштво се случи во 293 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван и Павле.
Тие биле тајно мачени во својата куќа во Рим. За време на владеењето на царот Јулијан Бунтовник, во 362 година биле закопани. Царот се обидувал да ги натера да се откажат од христијанската вера, но кога не успеал свети Иван и Павле биле измачувани.
Но, и покрај маките тие останале верни на Христос и неговата црква, верувајќи во вечен живот.