Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 јули.
Денеска е Св. маченици Кирик и Јулита.
Света Јулита беше од царски род. Беше мажена и во бракот имаше син Кирик. Кога Кирик беше на тригодишна возраст остана без татко, а Јулита без маж. Во тоа време тие живееа во градот Иконија, во областа Ликаонија.
Наскоро, кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во областа Киликија. А во Тарс се случи нивното мачеништво. Света Јулита беше изведена пред суд како христијанка и ставена на маки пред очите на тригодишниот Кирик. А ова момченце воспитано во христијански дух и самото повика дека е христијанин.
Управникот на градот, озлобен од ова смело исповедање на тригодишниот Кирик, го турна момченцето надолу по скалите и го уби. Веднаш потоа беше погубена и мајка му. Така се овенчаа со маченички венец свети Кирик и Јулита во 304 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Назариј и Челзо.
Познатиот милански бискуп Паулин по смртта на царот Теодозиј во 395 година открил гробови со телата на маченици. Прво било пронајдено телото на светиот маченик Назариј, а веднаш потоа свети Амброзиј го нашол и телото на светиот маченик Челзо.
Во 385 година во нивна чест била изградена базилика. Иконографијата ги прикажува во римска облека со меч во рацете со кој биле погубени и со палма, знакот на своето мачеништво.