Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 октомври.
Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник.
Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан. Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин. После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги растргнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив.
Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да ги убијат тројцата светители. Други тројца христијани, кои присуствуваа на убиството на светите маченици, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Кризант и Св. Дарија.
Тие се маченици од третиот век. Непријателите на христијанската вера на многу начини сакале и се обидувале да го одречат од верата. Кризант го затвориле во соба и пуштиле пет голи жени со цел да го наведат на неморал и грев, но не успеале во тоа. Тогаш во собата ја донеле најубавата жена, Дарија, која требало да го наведе на грев, но наместо тоа , тој на неа делувал, таа да стане христијанка.
Таа се покрстила и ја ширела христијанската вера. Двајцата биле на различни начини мачени и умреле во маки. Верниците им се молат за да останат доследни на верата како и за помош против неморалните искушенија.