Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 декември.

Денеска е Св. маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и Аријан.

Тирс и Левкиј беа родум од Кесарија. Пострадаа за време на император Декиј, во средината на третиот век. Гледајќи го нивното сведочење во текот на измачувањата, еден незнабожечки жрец  Калиник, се обрати во верата и пострада заедно со нив. Филимон и Аполониј, пак, пострадаа за време на царувањето на Диоклецијан, во Египет. Уверен во Христовата вера преку нивното сведоштво, заедно со овие двајца пострада за Христа и самиот хегемон Аријан.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван.

Бил наречен апостол на љубовта: највозвишено пишувал и говорел за Господ, кој е вистинска љубов. Свети Иван бил и бискуп во малоазискиот град Ефес. Во деновите на старост често повторувал: Деца, сакајте се меѓу себе”. Но, слушателите побарале и нешто ново од Исусовиот живот.

Големиот апостол им одговорил со зборовите: „Само тоа е доволно, кој ќе го исполни тоа, се исполнил. Тоа е Исусов збор”. Апостолот Иван и денеска, ни го повторува на сите нас, тоа што го научил од Христос. Треба да го послушаме бидејќи, само со љубов кон блискиот, ќе бидеме спасени.