Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 ноември.

Денеска е Св. маченик Јерон со дружината или св. 33 Мелитински маченици.

Овој Јерон беше кападокиец. Мајка му беше слепа и тој ја гледаше со голема љубов. Не сакајќи да ја остави сама, а и бидејќи беше ревносен христијанин, па не сакаше да им принесува жртви на идолите, кога дојдоа царевите слуги да го земат во војска, тој ги истепа и ги истера. Затоа подоцна го фатија и заедно со некои други христијани го одведоа во Мелитина. Таму сите беа изведени на суд, а откако не се откажаа од Христа, беа мачени и најосле погубени. Овие 33 маченици пострадаа за Христа во 298 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Феликс Де Валоис.

Роден е во 1127 година, во покраината Валоис, североисточно од Париз. Феликс живеел осаменички живот, бидејќи сакал да постигне евангелско совршенство, препорачано од Исус Христос. Таков живот живеел десетици години. Околу него се собирале оние кои сакале да бидат совршени.