Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 март.

Денеска е Св. маченик Конон Исавриски.

Овој светител живееше во вториот век. Кога стаса за женење, родителите му најдоа невеста, но тие двајцата и во бракот живееја девствено. Кога умре жена му, тој се оддалечи од светот и почна со крупни чекори да се искачува кон Бога.

Од Бога му беше даден дар да чудотвори, преку што многумина обрати кон верата.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Кирил Ерусалимски.

Бил роден во Ерусалим во 315 година. Неговите родители биле христијани. Бил воведен во монашкиот живот и запознаен со Светото писмо. Во 348 година станал ерусалимски бискуп. Многу страдал од кривоверците, ариевците кои го негирале божеството на Исус Христос. Свети Кирил 16 години бил во прогонство. Умрел во 387 година.