Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јуни.
Денеска е Св. маченик Лукијан.
Лукијан беше скоро целиот свој живот идолски жрец. Поверува во Христа дури во својата старост, случка што ја зачуди цела тогашна Никомидија. Како христијанин тој беше изведен на суд и фрлен в затвор, каде што се сретна со четири момчиња, исто така христијани Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј. Сите тие пострадаа заедно во Византион. Свети Лукијан беше распнат на крст, а момчињата обезглавени. Некоја девојка Павла ги зеде јавно телата на мачениците и чесно ги погреба, поради што и таа беше погубена. Мачеништвото на светите Лукијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла се случи меѓу 270 и 275 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Лутгарта Брабантска.
Била родена во Тонгрес, во 1182 година. Стапила во манастирот на сестрите бенедиктинки. Многу ги почитувала душите во чистилиштето и според нивниот заговор измолила некои чудесни оздравувања. Последните 11 години од животот била слепа, но и тогаш имала силно влијание врз луѓето. Света Лутгарта Брабантска умрела во 1888 година.