Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 февруари.
Денеска е Св. маченик Никифор.
Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се окажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето.
По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Катедра на свети Петар.
Овој празник се славел на денешен ден во Рим во четвртиот век како знак на единство на црквата изградена на Апостол. Свети Петар за својата вера во Христос рекол: „Ти си Христос, син на живиот Бог!”, а Исус му рекол: „Ти си Петар Карпа, и на таа карпа ќе изградиш црква своја, и вратата пеколна нема да ја надвладее. Тебе ќе ти ги дадам клучевите од кралството небесно.