Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 јуни (стар стил).
Денеска е Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски.
Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан.
Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на Првиот Вселенски Собор Митрофан беше веќе старец на сто и седумнаесет години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот, па за свој заменик го одреди епископот Александар. Царот му го издејствува кај соборот чинот Патријарх. И така, тој стана првиот патријарх Константинополски. Царот уште и го повика целиот Собор да го почести со посета престарениот и болен архипастир. Кога царот го запраша кого би го сакал за наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го назначи Александар, а потоа му рече на Александар Александриски: „О брате, пресветол наследник ќе оставиш ти!“ И го зеде за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Атанасиј Велики, патријарх Александриски, и го пофали пред сите.
По ова пророштво се прости со сите и по десет дена ја предаде душата на Бога, во 325 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Гргур Барбаринго.
Бил роден во 1625 година, во Венеција. За сериозноста на неговиот верски живот говори фактот, дека кога бил дете станувал навечер и се молел. Бил талетиран и учел математика и картографија.
Свети Гргур почувствувал дека Господ го повикува во својата служба за спасување на луѓето. Станал свештеник, а потоа и бискуп. Своите должности ги извршувал совесно. Умрел во 1697 година.