Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември. Денеска е Св. Павле Исповедник.
Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера.
Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 година.
Од Ерменија, моштите му беа пренесени во Цариград во 381 година, а во 1236 година латините ги однесоа во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.
Според ктоличкиот календар денеска е Св. Матилда Вон Хацкеборн.
Родена е во 1241 година, од племенити родители. Била помлада сестра на света Гертруда. Матилда како калуѓерка, била одликувана со длабока понизност, невиност, љубезност, и луѓето надвор од манастирот ја барале за совети.
Поради смислата за уметност, Матилда го водела манастирското училиште и часовите по пеење. Најважна задача во нејзиниот живот бил најдлабокиот и највозвишениот израз на нејзиното постоење.