Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 декември.
Денеска е Св. пророк Наум и св. Филарет Милостивиот.
Свети пророк Наум е еден од старозаветните пророци. Живееше 700 години пред Христа. Денес се слави и споменот на еден чудесен, премилостив светител, Филарет Милостивиот. И не случајно беше наречен милостив. Во почетокот тој беше имотен човек, но раздаде буквално се и потполно осиромаши, така што во семејството немаа леб да јадат. Но, Господ не го заборави, туку се случи синот на царицата Ирина, Константин, за жена да ја избере токму внуката на свети Филарет.
Така целата нивна фамилија се здоби со големи почести и се пресели во престолниот град. Свети Филарет и натаму продолжи да ги помага сиромасите. Блажено се успокои во 797 година, во длабока старост.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван од Крст.
Роден е во 1542 година во Кастилија. Уште во раната младост бил привлечен од идеалот на контемлација, па во дваесет и првата година од животот одлучува да стане кармеличанин. Тој Црквен ред има голема побожност кон Марија.
Во времето на реформите, во 16 век, Иван бил нејзин приврзаник, и на непријателите за обнова на Црквата, им кажувал: “Уживам во слабостите и тешкотиите на животот, бидејќи со нив го надополнувам тоа што им недостасува на Христовите страдања”. Свети Иван умрел во 1591 година, исцрпен од спасувањето на бесмртните души. Му се молат сите, за да се спасат и да живеат вечен живот.