Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари.
Денеска е Св. свештеномаченик Харалампиј.
Свети Харалампиј бил епископ на градот Магнезија, Тесалија. Мудар старец. Во текот на 113-те години од својот живот бестрашно го проповедал Христос сред-среде бесните прогони на христијаните. За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север.
Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“.
Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат.
Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Поликарп.
Во 100-та година од свети Иван, апостол тој бил назначен за бискуп во Смирна. Свети Поликарп бил запален на плоштадот во Смирна во 115-та година.
Повикан од своите противници, за да се откаже од верата во Христос, Поликарп одговорил: “Осумдесет и шест години му служам на Христос и ништо лошо не ми направил. Како можам да се одрекнам од својот крал, кој на Крстот ме спаси“.