Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 септември. Денеска е Св. свештеномаченик Вавил.

Свети Вавил беше епископ на црквата во Антиохија за време на царувањето на Нумеријан. Прекрасен човек, епископ со совршена грижа за црквата. Имаше толку силна вера во Бога и таква бестрашност, што во една прилика на самиот Нумеријан не му дозволи да влезе во црквата зашто беше незнабожец.

Овој, пак, беше познат по својата жестокост и не можеше да ја заборави случката. Го повика Вавил да принесе жртва пред идолите, а кога овој одби, го погуби. Заедно со свети Вавил, Нумеријан ги погуби и трите момчиња од антиохиската црква Урбан, Прилидијан и Еполиниј. Најстар беше Урбан имаше 12 години.

Католички календар: Денеска е Св. Роберт Белармино.

Бил роден во 1542 година во Монтепулчиано, во Тоскана. Во Рим стапил во Дружината на Исус и станал свештеник. Како претставник на црквата водел расправи за одбрана на католичката вера. Поради светиот живот, свети Роберт Белармино бил избран за бискуп и назначен за кардинал. Умрел во Рим вио 1621 година.