Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули.

Денеска е Св. великомаченица Недела.

Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг.

Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Илија.

Тој бил најпознатиот пророк на Стариот Завет во деветтиот век за време на безбожниот крал Ахаба и неговата сопруга Изабела. Таа го присилувала народот на монотеизам и барала од Израелците да им се поклонуваат. Пророкот Илија се борел против тоа зло.

Господ ги казнувал Израелците, па така настапила суша. На ридот Кармела, Илија рекол дека тој е пророк на живиот Бог, што се докажало тогаш кога тој му се помолил на Господ за една жртва, а тој ја запалил. Во тој случај, 450 пророци биле погубени поради тоа што го заведувале израелскиот народ.