Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 април.

Денеска е Упокоение на св. Методиј Солунски.

Светителските празници редовно се определуваат според денот на упокојувањето на светителот. Зашто тоа е денот на нивната лична пасха, нивниот личен премин од смрт во живот, зашто тие, исто како и Христос, во себе го носеа најизобилниот живот, пред кого смртта останува немоќна. Денешниот празник е празникот на личната пасха на едниот од двајцата словенски просветители, празник на личната пасха на свети Методиј Солунски. Инаку, тој се слави заедно со својот брат Кирил на нивниот заеднички празник на 24 мај.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Леон Деветти.

На 47-годишна возраст папскиот престол го наследил од папата Дамаз Втори. Од почетокот на својот понтификат проповедувал, ги посетувал свештениците и манастирите. Во 1053 година, кога Норманите ја опседнале Италија, Леон се понудил себеси како закуп. Норманите го заробиле. Девет месеци бил во заробеништво, а тоа за неговиот понтификат претставувало една од најголемите катастрофи во историјата на црквата. Папата Леон умрел на 19 април 1054 година.