Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 октомври.

Денеска е Преподобна Параскева-Петковден.

Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизувала во пост и молитва до својата старост.

Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР> Денеска е Св. Авраам Пустиник 

Роден е околу 290 година во египетскиот град Менуфу (Делтата на Нил) во благородно и богато семејство. Во традицијата, тој се нарекува и Авраам Момчето или Авраам Сиромав поради неговата невиност, чистота на срцето и добрина. Не сакал да се жени, договорил поради семејни финансиски интереси, но решил да живее живот посветен на Христос Господ.

Обратил многу луѓе во христијанство, меѓу кои и неговата внука Марија, која ја спасил од бордел преправен во војник. Авраам умрел околу 366 година во Кидуна во близина на градот Едеса (денес тоа е турскиот град Шанлиурфа). Житието на свети Авраам Пустиник го напишал неговиот пријател Свети Ефрем Сирин.