Нападот врз американската Амбасада во Анкара е јасен обид да се создаде хаос, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој го осуди нападот и додаде дека истрагата е во тек.
Врз американската Амабасада во Анкара околу пет часот по локално време беа испукани неколку истрели од возило во движење при што беше погоден само објектот за обезбедување.
Нападот се случи во момент на влошени односи на Анкара и Вашингтон поради судењето на американскиот свештеник Ендру Брансон во Турција.
Кабинетот на гувернерот на Анкара потврди дека биле испукани шест истрели од бел автомобил во движење кон зградата на Амабасадата. Три куршуми ја погодиле капијата и прозор од амбасадата.