Халфот на Каљари, Николо Барела ќе премине во Интер за 50 милиони евра, а во износот се вклучени и бонуси, информира „Скај Спорт Италија“.
Така се става крај на трансферната сага, која можеше да ја преземе во неочекувана насока, откако во последен момент во наддавање за 22-годишниот фудбалер на школата на Каљари се вклучи и Рома со поволна понуда.
За кревката возраст Барела има 112 натпревари за Каљари чиј бои ги брани од 2014 година наваму. Желбата на самиот играч е да премине во Интер, што преовладало при донесувањето на одлуката каде да ја продолжи кариерата, независно од понудата од Рома.