Хрватскиот универзитетски професор д-р Горан Калоѓера несебично се бори за Република Македонија и за зачувување на македонскиот идентитет што може да се види и од неговата последна објава на Фејсбук.
Објавата ја пренесуваме во целост:
Како што реков, ја направив мојата „турнеја“ во корист на Македонија. Мислам дека нема повеќе смисла, тековните настани и сè околу нив сугерираат да се вратиме. Како член на МАНУ и почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во рамките на научната мисла, без размислување за политиката, ја сметав моја должност како научник да ги бранам и одбранам цивилизациските, културните, јазичните, политичките и литературните достигнувања на македонскиот народ од најраната историја до денес.
И јас го сторив тоа, упорно, научно засновано, аргументирано и со ревност на еден човек што ја запозна и ја засака Македонија. Не е дека немам поголема сила, но мислам дека сега сè зависи од Македонците и Македонките. И тука ќе застанам. Мојата колона се затвора, летото доаѓа и време е да се вратам во моето „Охридско Езеро“, во мојата Корчула, неговото море и кон сè што правеа моите предци пред мене. Значи, време е да се вратам меѓу моите и да кажам, како што Оливер Драгојевиќ пее „Еве јас сум меѓу моите“. Време е за тоа.
Им посакувам на сите Македонци и Македонки успешно да ги надминат сите наредни кризи, да го сочуваат својот идентитет и да останат како што биле со векови – Македонци. Како мое научно збогување со Македонија, ја објавувам мојата книга “Македонија, тогаш, денес и утре”, со која се надевам успешно ќе ја завршам мојата македонска кариера. Верувам дека ќе успеам да го напишам!
Македонија вечна!
Горан Калоѓера
10 жетвар 2020