Горан КАЛОЃЕРА
(хрватски научник, македонсист и славист, редовен професор ан Универзитетот во Риека и член на МАНУ)
Предавањето или продажбата на националното благо е нешто најлошо што може да и се случи на секоја држава.
Оваа македонско-бугарска комисија, колку што дознавам, нашла начин да го реши проблемот со Кирил и Методиј, Самоил, како и Гоце Делчев, а на дневниот ред на таа важна Комисија се браќата Миладиновци и Григор Прличев.
Па, луѓе мои, до каде можат да одат небулозите на „врвните историчари“, кои го продаваат своето, за што… за шака сребреници.
Кирил и Методиј со Бугарите немаат никаква врска, освен што нивното учење дошло и до нив.
Како што кажав, тие се деца од бракот на високо позициониран солунски чиновник и мајка, која своето потекло го влече од едно од словенските племиња од околината на Солун.
Глаголицата има свој корен од македонскиот говор и тоа ги приближува до македонските Словени, а не до Бугарите.
Единствен кој имал врска со Бугарите и бугарската држава бил нивниот ученик Климентт, кој ги одбил Бугарите и отишол во Кутмичевица, потоа во Охрид, за да го продолжи делото на светите браќа негувајќи ја традицијата на глаголицата и писмото – глаголица, наместо кирилицата.
За Гоце Делчев не сакам да полемизиран, тој е единствен македонски национален јунак кој со целото свое битие се посветил на независноста на Македонија. На евентуалениот притисок во врска со Миладиновци, родени во Струга, како и во врска со поетскиот гениј, Григор Прличев, гледам како на национално предавство на најекспонираните Македонци, кои со своето дело, смрт и полемички списи, заговараа нова реалност, без надворешни влијанија и тутори, без Бугари, Срби, Грци.
Ако за такви родољуби се расправа и ако се тие предмет на бугарско-македонската комисија, тогаш е навистина време да ја затворам својата „работилница“, не само од срам, туку и од презир.