Министерството за здравство на Камбоџа денеска соопшти дека седум работници починале откако испиле алкохол наменет за дезинфекција, кој го помешале со вода и безалкохолни пијалаци.

Работниците се вратиле од Тајван и биле ставени во карантин поради епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството.

Се додава дека поради труење во болница се префрлени 12 работници. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење.

Експертите зеле примероци од пијалакот и ги однеле на анализа во лабораторија.