Најмалку три лица загинаа, а 10 беа повредени откако зградата се урна на југот на Камбоџа.
Станува збор за зграда, која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови.
Според медиумите, најголем дел од жртвите се ѕидари, кои се нашле на лице место, а бројот на мртви се уште не е утврден.
Во тек е потрага по евентуални преживеани, бидејќи се проценува дека под урнатините можеби има уште триесет луѓе.