Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си повторно изјави дека не сака војна со Иран, бидејќи тоа за Техеран ќе биде „деструктивно со такви разурнувања какви што не сте виделе”.

-Немам намера да го правам тоа, изјави Трамп во интервјуто кое целосно ќе биде емитувано утре.

Американскиот претседател потенцира дека не постојат никакви начелни услови за преговори помеѓу Вашингтон и Техеран.

Тој, сепак, изрази подготвеност да се сретне со претседателот на Иран, Хасан Рохани и ајатолахот Али Хаменеи.

Трамп и претходно изјавуваше дека не сака воени дејствија против Иран.

Според официјален Техеран и иранскиот иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, беспилотното летало на САД било соборено оти го нарушило воздушниот простор на Иран. Додека Американците негираат дека дронот се наоѓал во иранска територија.

Пентагон објави траекторија на летот на беспилотното летало „Ар-Кју-4” и илустрацијата покажува дека тој се наоѓал во меѓународни води во Персиски Залив или надвор од воздушното пространство на Иран.

Трамп одобри нанесување на удари по Иран, но операцијата во истиот ден беше „откажана во начелната фаза”. Како што изјави американскиот претседател, во случај на напад врз Иран жртвите ќе бидат несразмерни со цената на урнатото беспилотно летало.