Откако не знаел каде да пријави, по што пријавил кај тогашниот директор на УБК, Горан Николовски – Џони, во денешното сведочење за „Рекет“ Орце Камчев изјави дека веднаш после то за сè го известил и Зоран Заев.
-Пријавив кај премиерот, беше запрепастен од тоа што го виде, немаше зборови. Ми рече да му оставам два дена, зошто не може да поверува што видел. Потоа ми се јави и ми рече сè што имам да однесам во обвинителството, кај обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев.
Според Камчев, Боки 13 ја злоупотребил Радмила Шекеринска.
–Бојан Јовановски ми покажуваше и слики со потпретседателката на Владата, но јас знаев дека жената нема врска. Нејзиниот сопруг ми е добар пријател, па жал ми е што излезе таа снимка во јавноста, рече Камчев.