ШЕСТ МИЛИОНИ: Камчева сведочеше за барањата на братот на судијката Весна Димишкова, Васил

/ 10.12.2019

Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев, во Кривичен суд објаснува како адвокатот Васил Димишков ја одредил цената од шест милиони евра за поблага мерка за Камчев во предметот „Империја“.

-Васил Димишков ми рече дека неговата сестра која беше судија на претходна постапка, Весна, е во блиски односи со Стефанова, дури повикувајќи се на некои амбасади, а имено поради тоа што мојот сопруг излезе на насловна страна на „Форбс“, тој сега би му помогнал, но тоа би чинело 2, 4 или 6 милиони евра – сведочеше Камчева.

Кога го прашала за што станува збор, тој и рекол дека станува збор за поблага мерка. Требало неговата сестра да замине во пензија, бидејќи ова не бил обичен предмет.

-На оваа средба бев многу вознемирена, не се срамам да признаам дека плачам, но бев изненадена што не знаеше крајната цена да ми ја каже, ми рече дека му треба уште еден ден, јас да го информирам мојот сопруг и да му кажам.

Димишков утредента потврдил дека цената е 6 милиони евра.

-Во посета во истражниот затвор Шутка, го информирав и за средбата и за парите кои бараа од мене, како би му дала, очигледно е дека долго време ќе заврши во затвор, или, му кажав, сега сфаќам дека ние немаме предмет, туку имаме проблем – рекла Камчева.

Извор: ТВ21


Од истата категорија