Камила предизвика застој во регионалниот железнички сообраќај во Ил де Франс (парискиот регион).

Камилата се шетала на железничката пруга на линијата Р во близината на Фонтенбло во Сена и Марна, соопшти државната железница СНЦФ преку својот профил на Твитер. Најпрво не било препозната дека станува збор за камила, се мислело дека е лама.

„Сообраќајот е забавен на линијата. Образложение:присуство на лама на пругата во Фонтенбло Авон“ – назначи на почетокот СНЦФ.

„Ламата се покажа дека е камила, со оглед на фотографијата и таа повеќе не се шета на пругата. Сообраќајот повторно се одвива нормално“ – беше втората порака на СНЦФ, пропратена со фотографија од животното.

Линијата Р опслужува 24 стаnици меѓу Париз и Монтеро и Монтаржис и пренесува 75.000 патници дневно.