Ретка фотографија од минатото на Македонија кога камили се користеле за транспорт на продукти за војската во Првата светска војна, на Македонскиот (Солунски) фронт.
Објаснувањето на фотографијата која ја објавуваме е дека таа е направена во 1916 година во Сер, во Егејска Македонија.
– Прва половина на 1916 година. Сцена со караван од камили во Сер. Единствен продукт кој го транспортираат е тутунот за потребите на војниците. Колоризирана од „Македонија во боја – Macedonia in color“ и е дел од поширок проект кој го третира Македонскиот фронт, пишува во појаснувањето за фотографијата која е објавена на Фејсбук.