Додека приврзениците на СДСМ во Скопје водат кампања во удбашки стил против Виктор Орбан и Јанез Јанша како лидери кои сакале да го урнат капитуланскиот Преспански договор, еврокомесарот за проширување од Унгарија, Оливер Вархеи, човек од партијата на Орбан, се залага за датум за преговори пред мај.
Тој соопшти дека Европската комисија очекува Скопје и Тирана да добијат датум за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија пред состанокот во Загреб во мај, посветен на Западен Балкан. Тоа го соопшти пред Европскиот парламент.
Тој додаде дека ЕК има за цел да го забрза напредокот на регионот кон јасна европска перспектива.
Вархеи нагласи дека измените во правилата за пристапни преговори предложени од Комитетот пред неколку дена предвидуваат појасни барања за земјите кандидати и појасни последици во отсуство на напредок.
Според него, доколку повторно се одложи решението за одредување датум за почеток на преговорите со Скопје и Тирана, тоа ќе ја доведе во прашање стабилноста на регионот и ќе се отвори простор за странските сили. Вархеи ја повика ЕУ повеќе да ги третира земјите кандидати како земји од Заедницата.
Европската народна партија ги поддржа измените предложени од Комисијата и изрази надеж дека Македонија и Албанија ќе добијат датум пред мај.
Социјалистите и демократите ја поздравија ЕК за предлогот, што има за цел да се избегне натамошна стагнација во односите со Скопје и Тирана. Според таа парламентарна сила, новото одложување на одредувањето датум за двата главни града би ги доведело во прашање долгогодишните реформи.
Групата Обнови ја Европа ги поддржа измените, но повика да не се дозволи нов неуспех откако ЕУ не успеа да го одреди почетокот на разговорите со Македонија и Албанија, минатата есен.
– Точно е дека не можеме да даваме ветувања што не можеме да ги исполниме, рече европратеникот Илхан Ќучук, кој го претстави мислењето на групата. Се надеваме дека овој пат нема да има изненадувања во последен момент, додаде тој.
Екстремно-десничарската Група Идентитет и демократија, пак, не ја поддржа ЕК и рече дека Албанија страда од корупција, криминал и недостаток на демократска култура. Според таа патламентарна група, Комисијата не ставила доволно акцент на безбедносното прашање во идните преговори за проширување на ЕУ.
Зелените ги поздравија промените предложени од ЕК, истакнувајќи дека во случајот со Србија, владеењето на правото и слободата на медиумите се влошиле уште од почетокот на преговорите за пристапување.
Европската група на конзервативци и реформатори ја повика ЕУ да извлече поуки од минатото и да се увери дека европските даночни обврзници не мора да ги покриваат трошоците на сиромашните нации.