Бугарскиот премиер Кирил Петков неодамна јавно побара од сите бугарски државјани во светот да донираат по една плата за помош на Украина.
Кампањата на Петков „Една плата за Украина“ ја започна на неговиот официјален профил на Фејсбук.
– Почнувам јавна кампања за собирање финансиски средства кои што ќе бидат доставени на украинската Влада. Го повикувам секој бугарски државјанин кој сака да и помогне на Украина, како мене, да донира една плата. Зборовите се лесни, но делата се тешки, напиша Петков на Фејсбук во повикот за донации.
Во категоријата граѓани кои ги повикува Петков се и Македонците и македонските граѓани кои поседуваат и бугарски пасош.