Триста илјади евра кампања против КОВИД-19 со фотографии од 20 евра, важно маркетинг да се тера, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по најавената кампања од власта и од СДСМ за борба против коронавирусот и поттикнување на населението да се вакцинира.

-Сите фотографии кои Филипче и Заев ги употребуваат се симнати од интернет страница за фотографии и мултимедија каде месечна претплата е 200 евра со што се добива неограничен фонд на фотографии. Истата таа кампања каде се платени само фотографии кои чинат 20 евра е наплатена 300.000 евра. Тоа се пари на граѓаните кои можеле да бидат потрошени за повеќе вакцини, за кислород во болниците каде фали или за изградба на модуларни болници за кои викаат дека немаат пари. Оваа власт има пари за се, само за тоа што треба не. Се поставува прашањето дачи преку скапо платената кампања за вакцинација се плаќа всушност кампања за СДСМ за локалните избори?- се наведува во реакцијата.

Опозициската партија во денешното соопштение прашува:

-Дали СДСМ си покрива маркетинг со државни пари? Колку и СДСМ да се труди да манипулира и да поткупува тоа веќе не поминува. Време е за промени и за нов пристап. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението.

Кампањата, како што беше соопштено, ќе се води под мотото „за моментите на среќа – вакцинирај се“.