Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање 401.000 дозволи за постојан престој на странци оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер.
– Повеќето од 401.000 нови, постојани жители – бројка што е постигната првпат по повеќе од 100 години – веќе имале времен престој во Канада, истакна министерот за имиграција.
Според него, минатата година била поставена амбициозна цел, а сега таа е остварена.
Откако дојде на власт во 2015 година, владата на премиерот Џастин Трудо се потпира на имиграцијата со цел да се зајакне канадската економија.
Поставена е годишна цел да се прими околу еден процент од населението на Канада, кое брои речиси 38 милиони луѓе.
Владата изрази надеж дека следната година ќе може да има 411.000 нови жители.