Канадското разузнавање изрази загриженост поради порастот на насилната, идеолошки мотивирана онлајн реторика, за која делумно ги обвини тензиите предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Канадската безбедносна разузнавачка служба (CSIS) соопшти дека од почетокот на пандемијата, заканите на екстремистите невидено еволуирале.
Се вели дека Ковид-19 ги влошил постоечките видови на ксенофобија и антиавторитаризам.
Насилните екстремисти ја искористија пандемијата за ширење лажни информации за владините мерки и вирусот, се вели во соопштението.
ЦСИС соопшти дека од 2014 година, луѓето мотивирани од екстремистички идеолошки ставови во Канада убиле 25 луѓе, а раниле 41.
Во јуни, четворица членови на канадско муслиманско семејство беа прегазени и убиени од маж во камион, во напад за кој полицијата рече дека бил поттикнат од омраза.