Канадскиот снајперист, кој важеше за најсмртонисниот на светот, загинал за време на борбите во Украина, објавија руски медиуми.

Според извештаите, Канѓанецот, познат само како Вали, бил убиен во Мариупол.

Претходно, западните медиуми објавија дека Вали заминал да се бори за Украина по повикот на украинскиот претседател.

Вали својата слава ја стекна како член на елитниот 22-ри кралски канадски полк со кој стекна борбено искуство во Авганистан помеѓу 2009 и 2011 година.