Канал 5 Телевизија во анализата за работата на 1ТВ, која со релативно малку пари од легални приходи, успевала да ги покрие сите трошоци кои што не се мали, упатува прашање до познатите новинари на телевизијата на Боки 13:
– Зар не ви беа чудни високите хонорари кои ги земавте?- прашуваат од Канал 5.
Овие прашања од ТВ Канал 5 доаѓаат откако нивниот новинар Гоце Михајлоски му порача на новинарот на 1ТВ Борјан Јовановски дека бил дел од злосторничко здружение.
Меѓу другите прашања Канал 5 прашува како новинарите на 1ТВ не ги забележале аномалиите каде што работеле, зошто Сашо Ордановски имал сертификат на ниво на државна тајна, зарем не им биле чудни огромните хонорари, дека некои фирми рекламирале само на овој медиум и друго.
Во 1 ТВ работеа и се уште работат повеќе познати имиња од македонската новинарска сцена, како што се Ацо Кабранов, Јадранка Костова, Борјан Јовановски, Гордана Дувњак, Анета Кочишки, Сашо Ордановски и други.