Македонскиот режисер Борис Дамовски преку Фејсбук реагира на изјавата на новинарот Александар Чомовски од 1 ТВ дека ќе останел со младите новинари да ги учи и ќе се обидел да ја спаси телевизијата, чиј сопственик Бојан Јовановски алијас Боки 13 е во притвор поради рекетирање на бизнисмени.

– Јас сум капетанот што последен го напушта бродот, изјави вчера Чомовски во интервју за Канал 77.

Тој е познат и по тоа што остана последен и го исклучи светлото во некогашната телевизија А1.

– Не. Ти си дупката во бродот, му одговори Дамовски на Чомовски, на Фејсбук.