Канал 5 повикувајќи се на гледач кој се обратил до редакцијата, објави дека нема греење на Клиниката за инфективни болести.
„На Инфективна клиника нема греење веќе 7- 8 дена и луѓево болни со ковид, пневмонии и други инфекции седат на ладно. Далечинската од сите клими се одземени и не се пушта друго алтернативно греење. Ова го знам зашто имам близок кој е таму хоспитализитан со ковид пневмонија.“ , гласи реакцијата која пристигнала до телевизијата.
Во текот на денот се очекува став од Министерството за здравство и од Инфективната клиника за состојбата со греењето.