Шок и неверување кај вевчанци, ги лечел ли шест години млад лекар кој што воопшто немал завршено медицински факултет?

Како што објави ТВ Алфа, сомнежот меѓу мештаните се јавил уште пред неколку дена кога молскавично се пренесла информацијата дека Здравствениот дом во Вевчани го чешла полиција, за набрзо потоа да се расчуе дека всушност се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33 годишниот лекар со спорна диплома,на кому вевчанци 6 години му го доверувале сопственото здравје. За скандалот кој го тресе вевчанскиот Здравествен дом, Алфа стапи во контакт со директорот на оваа здравствена установа.

Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо, вели Јован Стојкоски – Директор на Здравствен дом Вевчани

Лекарот кој има проблем со неговото формално образование веќе една недела не работи, се додека не се расветли оваа афера која фрла дамка врз Здравствениот дом во кој се лечат пациети не само од околниот регион, туку и од Охрид и Струга.

Она што е извесно дека младиот вевчанец се запишал и студирал на Медицинскиот факултет во Штип,мештаните се присетуваат дека во неговиот дом имало богата прослава по повод неговото дипломирање кое сега се проверува дали е всушност лага.

Од полиција кусо, велат дека работеле на расветлување на случајот и утврдување на околностите за настанот.

Целиот текст и видеото може да го отворите ТУКА.