На генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг мора да му се суди за воени злосторства, порача на својот Твитер профил американскиот политичар и кандидат за гувернер на Кентаки Џефри Јанг.

– Столтенберг треба да се најде во затвор, објави Јанг на Твитер, а неговата објава е пренеесена на Political Lore и други медиуми.

Порталот Политикал лор ја пренесува објавата на кандидатот за гувернер во сојузната држава на САД, Кентаки:

– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е убиец на милиони и воен злосторник, кој треба да биде затворен во Хаг и осуден на 30 години без без право да добие условно отпуштање од затворската казна.

Реацијата на Јанг се однесува на изјавата на Столтенберг дека „воената поддршка за Украина е единствениот начин да се постигне мир“, објавува порталот.

Целата статија, на англиски јазик, може да ја отвоите на овој ЛИНК.