Кандидатот за претседател на САД Берни Сандерс претрпе срцев удар претходно оваа недела, соопштија неговите лекари.
Американскиот сенатор (78), ги откажа сите планирани настапи во кампањата во вторникот, откако почнал да чувствува болка во градите.
Тој бил пренесен во болница, каде што му била оперирана блокирана срцева артерија и му биле вградени два стета, пренесува „Глас на Америка“.
За неколку часови, изборниот штаб на Сандерс објави дека сенаторот од Вермонт разговарал со нив и дека е добро расположен, а неговата сопруга Џејн најавила дека ќе учествува на четвртата дебата на кандидатите на демократите на 15 октомври.
Откако Сандерс беше пуштен од болницата, неговите лекари соопштија дека се работи за инфаркт.