Принцот Хари ги тужи сопствениците на британските таблоиди „Сан“ и „Дејли мирор“ за наводно прислушување, соопшти Бакингемската палата.

Во тужбата поднесена до Високиот суд е наведено дека овие весници нелегално пресретнале пораки од говорна пошта на војводата од Сасекс, пренесува Би-би-си.

Сопругата на Хари, Меган, оваа недела објави посебна правна постапка против „Дејли Меил“ затоа што таблоидот објавил приватно писмо што таа го испратила на нејзиниот татко.

Издавачите на таблоидите „Сан“ и „Дејли мирор“ потврдија дека војводата од Сасекс поднел тужба против нив, објави британскиот јавен сервис.