Исламска Република нема да се двоуми, доколку е неопходно, да возврати на американскиот напад на нејзина територија, изјави портпаролот на иранската дипломатија, Насер Канани, откако Белата куќа соопшти дека не ја исклучува можноста за директен напад врз Иран.
САД во петокот почнаа серија напади врз елитните ирански сили и проиранските вооружени групи во Сирија и Ирак, како одговор на убиството на тројца американски војници во Јордан на 28 јануари.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан пред два дена изјави дека САД ќе продолжат да возвраќаат и не исклучува директен напад врз цели во Иран.
– Исламската Република нема да се двоуми доколку биде неопходно да возврати, изјави Канани, на неделната прес-конференција.
САД и Обединетото Кралство во саботата објавија дека бомбардирале десетици цели во Јемен како одговор на повторените напади на Хутите поддржани од Иран.