Апсењето на Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко петрол е поврзана со увоз на токсични материи кои ја загадувале животната средина. Според информациите, разоткриена е мрежа на увозници кои противзаконски испорачале некаков вид горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија, што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и на почвата.
Состојбата е аларманта со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот.
Некои имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото, како заштитени бели мечки од одредени центри на моќ.
Се работи за огромна сума околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.
Во истрагата опфатен е и бизнис партнерот на Капушевски, Ерџaн Сулковски.
Покрај овие три, има уште 10 имиња кои се опфатени во оваа истрага.
24инфо.мк дознава дека во неа се опфатени и екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Адријан Муча како и други лица вработени во АД ЕСМ но и од фирмите кои нелегално набавувале и доставувале деривати.
За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка.
Истовремено, најмалку едно од лицата од денешната истрага е опфатено и во предметот „Адитив“ и истото се наоѓа во затворски притвор од претходно.
Според сајтот Антропол, сторени се кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето.
Во 2023 година се вршела истрага за Компанијата РКЕ каде еден од сопствениците е близок на газдите на Пуцко Петрол кои се блиски на ДУИ увезувала токсичен отпад кој може да предизвика тешки болести.
Биле откриени фалсификувани фактури, се транспортирало и горело отпадно масло, високоризично по здравјето на граѓаните, а маслото го увезувала фирмата РКМ каде сопственик е Ерџан Сулковски, кој пред да стане газда бил возач на Исмаил Јахоски, пратеник на ДУИ и неформален газда на Пуцко Петрол кој сега ја води неговиот син.
Според Антропол, се вршел транспорт на отпадно масло кое било произведувано во „САНС АГ“, погон во штипско, а транспортирано и продавано низ Македонија од фирмата РКМ.
Станува збор за течен отпад кој се правел со горење на гуми и друг отпад, а за кој државниот инспекторат за животна средина утврди дека е канцероген и ризичен по здравје.
Случајот бил откриен 2022 година кога повеќе војници на АРМ сместени на полигонот Криволак се пожалиле на здравствени проблеми и тешкотии со дишење, по што Министерството за одбрана алармирало, а Инспекторатот за животна средина утврдил прекршување на прописите за заштита на човечкото здравје и на животната средина.
Војниците, но и жителите на околните села околу САНС АГ дишеле канцероген воздух, бидејќи според инспекторите инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика е слободно.
Утврдено беше дека го купувал РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, а таа компанија во текот на грејната сезона беше главен снабдувач на ЕСМ со мазут за ТЕЦ Неготино.
Фирмата Пуцко Петрол на тајкунот од ДУИ сопственички е поврзан со 3 од 5 најголеми енергетски компании во земјава и е добитник на стотици милиони евра во тендери од државни и локални институции.