Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, објасни уште еднаш дека Комисијата е советодавно тело на Министерството за здравство, а не извршно, додавајќи дека крајните одлуки ги носи Министерството за здравство и министерот Венко Филипче. Критиките од јавноста на негова сметка, според него се неоправдани и непријатни, но во име на борбата против пандемијата тој е подготвен да ги издржи.
-Ние не сме Влада на државава. Главен кризен штаб на државава ги донесува одлуките. Четврти пат доаѓам во Влада. Министерот Венко Филипче ми е тринаесетти министер. Ве молам тоа да го имате предвид, пред јавно да ме напаѓате. Не ми е пријатно и мене и на мојата фамилија. Но јас заради тоа ќе издржам, заради тоа што сум цврст како куче- изјави Караџовски.