Неносењето маска, групирањето и ифтарските вечери ни се удрија од глава како бумеранг, вели епидемиологот Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.
Тој додаде дека бил разочаран од непочитувањето на некои мерки и според него, поради ова се зголемил бројот на заразени по олабавувањето од 25 мај.
Караџовски тврди дека тие како Комисија за заразни болести ја немаат променето стратегијата, со која Македонија на почетокот броеше многу помалку случаи.
– Во април цела Европа ги попушташе мерките очекувајќи дека мерките ќе се почитуваат и кај нас. Но крајно сум разочаран, рече Караџовски.
Тој додава дека сега има поголем број на тестирања, поголем број на кластери, а Македонија го надмина бројот од 3.000 заразени.