Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Ниеден пациент не е оставен да страда, без медицинска нега. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести прим.д-р Жарко Караџовски оценувајќи дека најголем пренос на болеста во моментов е во Битола.
Ако ме прашувате зошто решивме да донесе рестриктивни мерки, затоа што вирусот сега не е истиот и затоа што расте бројот на заболени. Во последните три недели се случува бум, со позитивни на ковид-19 од над 1.200 и повеќе на ден. Се насобраа огромен број на случаи, за период од две-три недели се наполнија болниците, рече д-р Караџовски.
„Сигурна епидемиолошка болест е кога нема ширење на болеста. Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Ниеден пациент не е оставен да страда, без медицинска нега. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број“, изјави Караџоски.
Тој самиот го постави прашањето зошто мерки не беа донесони порано и одговори дека како и во целиот свет, анализите, така и во Македонија, се прават неделно.
„Движењето на Р 0, што кажува колку лица заразува едно лице, не е ист секаде -највисок е Битола со 1,42, потоа следуваатКуманово и Тетово со над 1, а Скопје за првпат паѓа под Р1“, рече Караџовски.
Тој рече дека очекува со мерките на здравствените работници да им се даде „капка” одмор, здравствените власти да обезбедат нови кадри, а оние капацитети кои се оспособуваат да бидат завршени, и конечно, да се вакцинираат што повеќе лица.
„Правилото е вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај, тоа единствениот начин на намалување на бројот на заболени. Ве молам да ги спречиме собирањата и празнувањата, сите да бидеме одговорни“, рече Караџовски.